НАШИОТ ТИМ
Нашиот тим на вработени е составен дел од растот на ,,Рагуза’’ низ годините. Горди сме што имаме вработени кои над 30 години се лојални на нашите вредности. Заедничката работа и труд придонесоа ,,Рагуза’’ да стане претпознатлив бренд во угостителската индустрија во Македонија. Токму од таа причина се стремиме да креираме средина во која нашите вработени ќе бидат вистински вреднувани и мотивирани за нови успеси. Средина во која заедно ќе се соочиме и ќе ги надминеме сите предизвици на патот. Потврда за ова е корона кризата во која бевме едни од ретките угостители кои ги задржаа сите вработени и покрај едногодишната забрана за вршење на дејност.
![RagusaGroup Invitation](http://ragusagroup.mk/storage/temp/public/ca7/87a/1f1/stanete-del__1869.jpg)
СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД
„RAGUSA GROUP"
Секогаш сме во потрага по нови мотивирани лица кои ќе сакаат да се приклучат на нашата енергична работна средина и позитивна атмосфера.