Рагуза Кетеринг е официјално тука
Оваа година приказната на Ragusa Group продолжува со отворањето на Ragusa Catering – нов сегмент создаден од желбата нашето долгогодишно искуство и стандардите што ги негуваме повеќе од 30 години да ги пренесеме и надвор од рестораните.
Вложувањето во нови идеи и нови начини на кои можеме да бидеме дел од важните моменти на нашите гости е природен чекор во развојот на Ragusa Group. Така се роди Ragusa Catering – со сопствен тим, професионална опрема и целосна организација, подготвени да креираме и реализираме настани на различни локации и во различни формати.
Од приватни прослави и свадби, до корпоративни настани и свечености, Ragusa Catering го носи она по кое сме препознатливи – квалитетна храна, професионална услуга и внимание на секој детал.
Ова е уште една инвестиција во иднината на Ragusa Group и во нашата желба да продолжиме да растеме, да создаваме нови можности и да го пренесеме Ragusa искуството на било која локација.
Повеќе детали може да добиете на ragusacatering.mk