10 години KINDER PARK — 10 години радост, игра и среќни роденденски моменти!
Оваа година, KINDER PARK го слави својот јубилеен 10-ти роденден!
Цела деценија сме место каде детските желби оживуваат, а секој роденден е приказна исполнета со насмевки, другарство и безгрижна игра.
Во текот на овие 10 години, нашата најголема мотивација сте вие – родителите кои ни ја доверивте радоста на вашите најмили, и сите наши киндерковци, кои со својата енергија и искрени насмевки го исполнуваат просторот со љубов.
Во изминатиот период секогаш се стремевме да внесуваме новитети и иновации, да бидеме чекор пред другите и секогаш да нудиме нешто повеќе. Покрај организацијата на родендени, подготвивме и многу забавни и едукативни работилници, со цел децата да учат низ игра, да истражуваат, да се дружат и да создаваат спомени што траат. Среќни сме што нашата љубов, посветеност и енергија се препознаени и оправдани преку големиот број организирани настани и сите незаборавни моменти што ги создадовме заедно.
🎈 А сега, најавуваме период на славење!
Во наредните два месеци ве очекуваат:
- Голем број креативни работилници,
- Многу подароци и изненадувања,
- Специјални јубилејски попусти,
- Супер забавни активности,
Со секоја насмевка, секој чекор, секоја запалена свеќичка и секој споделен момент, растевме заедно со вас. Благодарни сме што ни ја доверувате радоста и најубавите детски соништа. Благодариме што веќе 10 години сте дел од нашето семејство. А најубавите моменти – допрва доаѓаат. 💛✨