Ragusa Group Logo
RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands

ТРАДИЦИЈА НА ДОВЕРБА

ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ ВИЗИЈА И ПОСВЕТЕНОСТ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Нашата приказна започна во далечната 1993 година со отворањето на првиот ресторан – „Мирко 919“ во Скопје. Успехот на овој проект го трасираше патот кон иднината и новиот бран на угостителски идеи. Во 2008 година го отворивме клуб-ресторанот „Рагуза“, по што следеше природна еволуција и проширување во хотелскиот сегмент со отворањето на бутик хотелот „Вила Рагуза“. Годината 2015 ја одбележа стартот на „Киндер Парк“ – денес најголемата игротека во Скопје, дизајнирана како простор каде детските насмевки се секојдневие. Следната година, во срцето на Градскиот парк, се роди уште еден наш препознатлив проект – ресторанот „Парк“, создаден како поинаква и современа свадбена приказна. Во 2019 година ги поставивме новите стандарди во организацијата на прослави со отворањето на „Ragusa 360 Rooftop“ – првиот rooftop простор за настани во Македонија. Во 2020 година целосно го реновиравме ресторанот „Ragusa 919“, при што му вдивнавме нов стил и модерен визуелен идентитет. Наш најнов и исклучително значаен проект е реновирањето на ресторанот „Парк“ – уште еден чекор напред со кој повторно ги поместивме границите во домашната угостителска сцена.

,,Рагуза Груп’’ е резултат на процесот на креирање нов бренд идентитет како круна на сите наши досегашни успеси. Водени од амбицијата за нови деловни подвизи, го означивме и почетокот на два нови проекти во градежништвото: ,,Ragusa Home’’ и центарот за градежни материјали ,,Мамут’’.

„Рагуза“ е фамилијарна традиција исполнета со страст и посветеност. Нашите длабоко вкоренети вредности се присутни во секој сегмент од нашето работење. Тие нè водат да продолжиме да испорачуваме врвен квалитет и да ја негуваме довербата која ја изградивме со нашите клиенти. Градиме врз темелите на традицијата, но со отворени срца и умови ги прифаќаме новите идеи и иновации. Следејќи ги најновите светски трендови во угостителството, ја создававме визијата за тоа како треба да изгледаат вашите настани и прослави – денес, но и во иднина.

RagusaGroup History RagusaGroup History

ЗОШТО „РАГУЗА“?

Името на нашата групација води потекло од корените на нашето семејство. Рагуза е старото име на Градот Дубровник во Хрватска од каде потекнува и првиот угостител во овој семеен бизнис.

МИСИЈА

ВОДЕНИ ОД НАШАТА 30- ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА И ИСКУСТВО, КРЕИРАМЕ НОВА ВИЗИЈА ЗА УГОСТИТЕЛСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА.

РАЗВИВАМЕ КУЛТУРА НА ОТВОРЕНА КОМУНИКАЦИЈА И ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЊЕ.
ИМАТЕ ПРАШАЊЕ ИЛИ МИСЛЕЊЕ? ГИ ОЧЕКУВАМЕ СО НЕТРПЕНИЕ!

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАШИОТ ТИМ ПРЕКУ ДИРЕКТНАТА ЛИНИЈА ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ ИЛИ НАШАТА E-MAIL АДРЕСА