Ragusa Group Logo
RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands RagusaGroup Brands

ТРАДИЦИЈА НА ДОВЕРБА

30 ГОДИНИ ВИЗИОНЕРИ ВО УГОСТИТЕЛСКИОТ БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА

Се започна во далечната 1993 година со отварање на првиот ресторан ,,Мирко 919’’ во Скопје. Успехот на овој ресторан го отвори патот за нови проекти. Во 2008 година го отворивме клуб ресторанот ,,Рагуза’’, по што следеше и проширување во хотелиерството со бутик хотелот ,,Вила Рагуза’’. Во 2015 година започна со работа и ,,Киндер Парк’’ како најголема игротека во Скопје и место за нови детски насмевки. Наредната година го означивме почетокот на ресторан ,,Парк’’, лоциран во срцето на градот односно во Градскиот парк на Скопје како една нова и поинаква свадбена приказна. Во 2019 година поставивме нови стандарди во организација на прослави со отварање на ,,Ragusa 360 Rooftop’’, првиот rooftop за настани во Македонија. Последен угостителски проект е комплетно реновирање на ,,Ragusa 919’’ во нов стил и модерен изглед.

,,Рагуза Груп’’ е резултат на процесот на креирање нов бренд идентитет како круна на сите наши досегашни успеси. Водени од амбицијата за нови деловни подвизи, го означивме и почетокот на два нови проекти во градежништвото: ,,Ragusa Home’’ и центарот за градежни материјали ,,Мамут’’.

,,Рагуза’’ за нас е повеќе од компанија. ,,Рагуза’’ е фамилијарна традиција која ја работиме со многу страст и посветеност. Инспирирани од нашите вредности кои се длабоко всадени во секој сегмент на работењето ќе продолжиме да испорачуваме врвен квалитет. Врз темелите на традиција, ќе продолжиме да го градиме брендот ,,Рагуза’’ истовремено прифаќајќи нови идеи и иновации. Следејќи ги најновите светски трендови во угостителството, ќе креираме визија како да изгледаат вашите настани и прослави и во иднина.

RagusaGroup History RagusaGroup History

ЗОШТО „РАГУЗА“?

Името на нашата групација води потекло од корените на нашето семејство. Рагуза е старото име на Градот Дубровник во Хрватска од каде потекнува и првиот угостител во овој семеен бизнис.

МИСИЈА

ВОДЕНИ ОД НАШАТА 30- ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА И ИСКУСТВО, КРЕИРАМЕ НОВА ВИЗИЈА ЗА УГОСТИТЕЛСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА.