Аеродром доби ново спортско и детско игралиште

Ново мултифункционално спортско и детско игралиште на бул. ,,Февруарски поход”


Се одржа официјалното пуштање во употреба на новото мултифункционално спортско и детско игралиште на бул. ,,Февруарски поход”, кое е изградено во соработка со Гоце и Перица Голомеиќ од ,,Рагуза Груп” и e направено во чест на нивниот татко Мирослав Голомеиќ - Мирко 919. Гоце и Перица се пример за општествено-одговорни стопанственици од Аеродром кои помагаат нашата Општина да стане поубаво место за живеење.

Со ова игралиште, дечињата од „Тодор Чангов“, „Февруарски поход“ и околината добија ново катче за забава, дружење и спортување, изведено според сите стандарди за објекти од ваков вид. Целото игралиште е оградено, а пристапот се наоѓа од внатрешната страна, со што е целосно безбедно за користење.

post2_image2.jpg

Од завршувањето на игралиштето, за многу кратко време прерасна во вистинска атракција за дечињата од овој крај. И во наредниот период, Општина Аеродром ќе продолжи со работа за обезбедување услови за забава и рекреација на најмладите во сите делови од Аеродром.