СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ

Почитувани,

Најпрвин да ја искористиме оваа прилика за да ви посакаме Среќна нова година и среќни празници.

Кога ќе направиме ретроспектива на изминатиов период, може да заклучиме дека 2023та беше навистина успешна година за нас. Покрај многуте прослави и настани, го одбележивме и 30-годишниот јубилеј на Рагуза Груп и означивме почеток на една нова димензија во угостителството на Македонија. Му благодариме на целиот наш тим без кој немаше да го постигнеме ова ниво на професионалност. Ви благодариме и на Вам за довербата сите овие години. Голема чест е заедно да ги креираме вашите настани и да создаваме спомени кои траат цел живот.

Во декември бевме домаќини на голем број предновогодишни прослави и заедно со компаниите го прославивме нивниот успех од изминатата година. Рагуса 360 заблеска во магичен предновогодишен амбиент и декорација. Во Рагуза 919 се одржаа одлични забави додека пак во Киндер Парк беа организирани голем број детски предновогодишни работилници. Покрај тоа, во Рагуза 360 организиравме и гламурозен дочек на Новата Година заедно со Владо Јаневски, Ивона Јо и Александар Јорданов. Погледнете во видеото во прилог како изгледаше нашата забава која веруваме ги надмина очекувањата на нашите гости.